ДУИ ќе го оспори легитимитетот на Иванов ако победи на изборите

Кој и да биде избран за претседател на Македонија ние ќе му го оспориме легитимитетот, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во своето обраќање на Младинскиот форум на ДУИ.
-ДУИ е одлучна и останува на идејата за консензуален кандидат, но ако таа не успее, нема да успее ниту нивната идеја да се избере Ѓорге Иванов за легитимен претседател. Од денот кога би се случил неговиот реизбор, па се до истекот на неговиот мандат ние ќе го оспоруваме неговиот легитимитет, рече Ахмети.
Тој нагласи дека иако партијата учествувала на претходните претседателски избори, не добила никогаш претседател, и затоа ДУИ сега нема да понуди свој кандидат.