Тесна трка на претседателските избори во Ел Салвадор

Властите во Ел Салвадор соопштија дека претседателските избори во Ел Салвадор се скоро завршени, откако биле преброени околу 98 отсто од гласовите. Прелиминарните резултати од неделното гласање покажуваат дека Салвадор Санчез Черен,кандидатот на левицата, односно на владејачкиот Народно ослободителен фронт Фарабундо Марти има околу 6000 гласови повеќе од неговиот конзервативен противник, поранешниот градоначалник на Сан Салвадор Норман Кухано. Претседателот на Врховниот изборен суд, Еугенио Чикас, изјави дека трката била "исклучително тесна" и засега ниту еден кандидат не може да тврди победа. Конечното броење на гласовите започнува денеска.