Ирачките жени протестираа против новиот закон за брак

Дваесетина ирачки жени во Багдад протестираа против предлог-законот одобрен од ирачкиот кабинет, а со кој се дозволува брак на деветгодишни девојки и автоматски доделување старателство над деца на татковците. Протестот на групата се одржа вчера вечер на Меѓународниот ден на жената, а една недела откако владата го изгласа законот, врз основа на шиитското исламско законодавство, дозволувајќи им на свештениците да одлучуваат за бракови, разводи и наследства. Нацрт законот сега треба да помине во парламентот.