Ештон на разговори со иранските официјални лица

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон
изјави дека разговорите за нуклеарната програма на Иран ќе завршат со конечен договор. Ова го изјави на заедничката прес конференција со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф во Техеран. Зариф пак потврди дека Иран ќе прифати само договор кој ги почитува правата на земјата. Инаку Ештон пристигна во иранскиот главен град во саботата за да разговара за спорната нуклеарна програма на земјата, но и за билатерални, регионални и меѓународни прашања. Иранските државни медиуми и весници и даваат големо значење на посета на Ештон, а некои реформистички медиуми го нарекуваат "достигнување" за прагматичниот претседател Хасан Рохани, кој ги освои изборите со неговата платформа за поголема отвореност кон Западот.
Иран и шестте светски сили, предводени од Ештон постигнаа привремен договор во Женева во ноември со цел ставање крај на деценискиот спор околу нуклеарните активности на Техеран. Барајќи постигнување на Времена спогодба, Иран и шесте сили имаат за цел да ги испеглаат разликите во конечен договор до крајот на јули.