Почина дванаесеттата жртва на сезонски грип

На инфективната болница во Скопје почина 80-годишен пациент со добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А/Х1/Н1. Ова е дванаесеттата жртва од грип сезнава. Пациентот, како што соопштија од Министерство за здравство, еден ден бил хоспитализиран на Инфективната клиника со тешка билатерална пневмонија, хронична срцева слабост, како и претходно прележан миокарден инфаркт и мозочен удар. И покрај спроведената антивирусна терапија и напорите на лекарите, пациентот починал.
На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 100 пациенти со симптоми и клиничка слика на грип, од кои шест лица се лекуваат на одделението за интензивна нега.