Баросо:Евроинтеграцијата на Украина не е против руските интереси

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека Европската унија одлучила веднаш да ги потпише политичките поглавја на Спогодбата за асоцијација со Украина.Во своето обраќање за време на Самитот за иднината на Европа во Атина, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо изјави дека целта на Унијата во врска со Украина е многу јасна.
" Тоа е мирот, стабилноста, просперитетот... Ние немаме каква било амбиција во врска со Украина. Сакаме тие да одлучат за својата иднина, и се обидуваме да им кажеме на нашите руски партнери дека интеграцијата на Украина во Европската Унија не е против руските интерес. Ние не сакаме конфронтација околу Украина ", изјави Баросо.