Медиумски мрак во украинскиот дел на Крим

Во украинскиот дел од регионот на Крим каде што проруската полиција ја зацврстува својата контрола низ полуостровот на Црното Море забележано е затворање на медиуми. Во најновиот инцидент, Здружението на новинари соопшти дека вооружени лица во главниот град на Крим ги притвориле новинарите и соработниците на новинската агенција Асошиејтед Прес. Според АП, вооружени лица конфискувале голем дел од нивната опрема и ги обвиниле новинарите дека се "шпиони". АП го осуди инцидентот и соопшти дека планира да протестира до Кримските власти. Неколку украински канали се блокирани во Крим, меѓу кои и Канал 5 и 1+1 кои се најновите жртви на медиумскиот мрак во Крим. Две станици во петокот биле заменети со руски ТВ-станици. Во Киев, властите побараа радиодифузерите привремено да се откажат од четири руски телевизиски канали.