Над 40 деца починаа во јужен Пакистан

Властите во јужниот дел на Пакистан нареди истрага за смртта на 41 дете кои, наводно, починале од пневмонија и неисхранетост во пустината Тар. Властите реагираа на извештаите од областа Mити една од најмалку развиените и најоддалечените области во југоисточната Синд провинција, кои укажуваат на тоа дека повеќе од 100 луѓе умреле поради глад и неухранетост. Шефот на областа Синд, Сиед Али Шах, нареди апсења на здравствените работници за запоставување на нивните должности. Шах изјави дека причината за смртта ќе мора да биде потврдена со истрагата. Постојат стравувања дека вистинската бројка може да биде повисока.