Полицијата приведе 16 малолетници за тепачката кај средното хемиско

Полицијата приведе 16 малолетни лица поврзани со тепеачката меѓу ученици од СУГС „Владо Тасевски“ и ДСУ „Марија Кири Склодовска“што се случи завчера на булеварот „3-та Македонска бригада“.Полициски службеници од oдделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство обавија службени разговори со приведените и утврдено е дека околу 13,00 часот малолетниците С.Г. Б.З. ученици од СУГС „Владо Тасевски“ без повод и причина биле физички нападнати од страна на поголема група ученици од ДСУ „Марија Кири Склодовска“. Притоа, оштетените заедно со други соученици кои биле во нивна близина, избегале кон училиштето со цел да се засолнат.