Фаул загрижен за можна руска интервенција во источна Украина

Поранешниот американски амбасадор во Русија, Мајкл Мек Фаул изјави дека е "длабоко загрижен" во врска со изгледите на руските сили за интервенирање во источните или јужните делови на Украина. Мек Фаул, кој ја напушти својата позиција како амбасадор во Москва на 28 февруари, рече дека веројатноста за таква инвазија на Русија е мала, но дека тој е многу загрижен за тоа, бидејќи негативните последици од руската инвазија во Украина се исклучително високи. Сепак изјави дека не мисли оти рускиот претседател Владимир Путин планира понатамошна инвазија, но Мек Фаул смета оти развојот на настани во текот на следните недели или месеци, може да доведе до руска воена интервенција во источна Украина. Мек Фаул смета дека шансите за решавање на Кримскиот конфликт на дипломатски начин се слаби.