ММФ и вети помош на Украина

Делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд ја заврши посетата на Киев со оценка дека е импресионирана од решеноста на властите за справување со кризата. Шефот на делегацијата Реза Могадам изјави дека ММФ ќе им помогне на украинците и на властите во спроведувањето на економската програма која треба да ја доведе Украина до одржлив развој, со истовремена заштита на сиромашните. Новите украински власти соопштија дека претходниците им оставиле празна каса.