Газпром најавува прекин на протокот на гас за Украина

Шефот на Газпром, Алексеј Милер изјави дека компанијата не може бесплатно да ја снабдува Украина со гас и предупреди дека би можела да престане испораката, со што ќе бидат погодени и некои европски земји. Милер додаде дека Украина веќе должи за испорачаниот гас 1.89 милијарди. Низ Украина транзитира и рускиот гас за Европа, па прекинот на снабдувањето за Украина, ќе значи и прекин на снабдувањето за Европа.