Кери пристигна во Јордан

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Акаба, Јордан , за со јорданскиот крал Абдула да ги потикне блиско - источните мировни преговори.

Кери се надева дека ќе има договор до крајот на април меѓу Израел и Палестинците. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека сака договор, доколку Палестинците најпрвин го признаат Израел како еврејска држава и се откажат од надежите за враќање на палестинските бегалци.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас пак, смета дека израелската изградба на населби во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим е главна пречка за договор со кој ќе се формира палестинска држава.