Јатсенијук: никој цивилизиран нема да го признае референдумот на Крим

Украинскиот премиер Aрсениј Јатсенијук изјави дека никој во цивилизираниот свет нема да ги признае резултатите од "таканаречениот референдум" за соединување на Крим со Русија.
Тој во Киев изјави дека Русија мора да ги повлече своите војници од Крим и да престане со нејзината подршка за сепаратистите.