Обама и Путин дискутираа за кризата во Крим

Белата Куќа објави дека претседателот Барак Обама разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за кризата во Украина. Според Белата куќа, Обама му објаснил на Путин дека акциите на Русија во Крим го прекршиле суверенитетот на Украина и довеле до тоа Вашингтон да воведе санкции против руските официјални претставници. Обама ги претставил условите од предлогот на официјални американски лица според кои Русија треба да ги повлече своите трупи во базите во Крим, да дозволи меѓународни набљудувачи како гаранција за правата на етничките групи и да се согласи на директни разговори со украинските претставници.
Според агенциите Путин му кажал на Обама дека новите власти во Киев наметнале "апсолутно нелегитимни одлуки во Крим ".
Ова е втор телефонски разговор меѓу Обама и Путин во изминатите шест дена.