Десетици убиени во бомбашки напади во Ирак

Најмалку 30 лица загинаа во бомбашки напади и борби во Ирак вчера. Три автомобили-бомби експлодираа во неколку шиитски населби во Багдад синоќа, при што загинаа најмалку 11 лица, а беа повредени околу 35. Во експлозија на бомба во предградие на Багдад загина полицаец, а повредени се осум луѓе. Во Хила, јужно од Багдад, во екплозии на две автомобили -бомби загинаа девет лица, а повредени се 28 други. Во Мишада, околу 30 километри северно од Багдад, во експлозија на автомобил-бомба загинаа пет цивили.
ОН проценуваат дека повеќе од 1.400 луѓе се убиени во Ирак од почетокот на оваа година.