САД со санкции против оние што ја поткопуваат Украина

Соединетите Држави воведоа визни рестрикции за официјални претставници и индивидуалци кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Според американски претставник, тоа важа и за украински и за руски државјани. Белата Куќа соопшти и дека претседателот Барак Обама потпишал наредба за санкции против личности кои ги поткопуваат демократските процеси или институции во Украина. Во соопштението се додава и дека се можни и дополнителни мерки. Во меѓувреме, Пентагон соопшти дека американски разурнувач е во водите на Црно Море, во рамките на претходно планираните вежби, во кои се вклучени и Бугарски и Романски бродови. Пентагон демантира каква било врска на оваа вежба со ситуацијата во Украина.