Крим се поблиску до Русија, ЕУ самит во Брисел

Симферопол, 06.08.2014, Парламентот на Крим

Парламентот на Крим денеска едногласно изгласал тој украински полуостров да стане дел од Русија. Про-руското раководство на Крим, исто така, решило референдумот за тоа дали Крим да се припои кон Русија или да остане во Украина, да се одржи во наредната недела, на 16-ти март. Властите во Киев го сметаат референдумот за неуставен, а раководството на Крим за нелегитимно. Во меѓувреме, во Брисел се одржува самит на Европската Унија, на кој лидерите расправаат за ситуацијата во Украина. Пред состанокот, украинскиот премиер Арсениј Јатсенјук изјави дека не станува збор само за украинско – руска криза, туку тоа е криза во Европа. Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека Унијата мора да испрати порака дека постапките на Русија ќе имаат последици.