Клинтон со појаснување за однесувањето на Путин

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон изјави дека таа направила само паралела меѓу тактиката на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер и рускиот претседател Владимир Путин, а не правела споредба меѓу нив двајца. Клинтон во вторникот изјави дека акцијата на Путин на Крим има исто оправдување како она на Хитлер кога за окупацијата на други земји, тврдеше дека е со цел да бидат заштитени германците кои живеат таму. Хилари Клинтон додаде дека Путин е цврст лидер со тенка кожа, со што алудираше дека не прифаќа критики.