Пауер: Русија се соочува со подлабока изолација

Американскиот амбасадор во ОН Саманта Пауер изјави дека Русија ќе се соочи со многу подлабока политичка и економска изолација ако инсистира на воено решавање на кризата во украинскиот регион Крим. Во телефонско интервју за Радио Слободна Европа, Пауер рече дека би било грешка за рускиот претседател Владимир Путин ако ја тестира меѓународната заедница и кои би биле ефектите врз Русија во случај да продолжи воениот курс.
Таа го критикуваше и вчерашниот напад врз претставникот на ОН Роберт Сери, кој по инцидентот со група вооружени луѓе ја прекина својата мисија во Крим.