Вељановски утре ќе ги распише предвремените избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по денешното распуштање на Парламентот, донесе одлука утре напладне да ги распише предвремените парламентарни избори за 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори.
Собранието денеска со 117 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан изгласа распуштање на актуелниот пратенички состав.
Иницијатива за предвремени избори во Парламенот во саботата поднесе пратеничката група ДУИ, која истиот ден беше прифатена и од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Предлогот на ДУИ го подржаа и опозициските СДСМ и ДПА, како и од другите помали политички партии. Ова ќе бидат трети предвремени парламентарни избори во Македонија.