Русија распиша потерница по украински опозиционер

Рускиот истражен Комитет денеска распиша меѓународна потерница против лидерот на украинското ултранационалистичко движење Дмитро Јарош поради јавни повици на екстремизам и тероризам. Во образложението се наведува дека Јарош како лидер на организацијата „Десен сектор“ повикувал на тероризам на територија на Русија.