Распуштен актуелниот собраниски состав

Собранието на Македонија на денешната 87. седница со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот собраниски состав. Иницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе ДУИ откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Македонија. Владејачката ВМРО ДПМНЕ прифати одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори. Опозициските СДСМ и НСДП исто така ја прифатија иницијативата на ДУИ.