Руската Централна банка во поддршка на рубљата

Руската Централна банка денеска соопшти дека продала над 11 милијарди долари во странски девизи како поддршка на рубљата пред два дена кога руската валута се најде под огромен притисок поради ескалирањето на кризата во Украина. Оваа сума е многу поголема од онаа што ја претпоставуваа финансиските експерти. Рубљата денеска е релативно стабилна во однос на доларот и еврото, но руските берзи забележаа пад.