На Крим заробени две украински ракетни единици

Руските сили, според руската новинска агенција Интерфакс, држеле под контрола две украински ракетни одбранбени единици на Крим. Агенцијата Франс прес, повикувајќи се на украинското минситерство за одбрана пак, јави дека командата и контролниот центар во базата Евпаторија и натаму биле под контрола на украинските сили. Во меѓувреме, украинската полиција ја евакуирала зградата на регионалната влада во Доњецк која беше заземена од проруски демонстранти. На зградата сега се веело украинското знаме.