Америка контра руското мешање во Украина

Американскиот претседател Барак Обама смета дека руската интервенција во украинскиот регион Крим е знак на руско „мешање“ кое ќе ги оддалечи другите земји од официјална Москва. Причините на Путин за испраќање на воени единици во Украина никого не прават будала, додаде американскиот претседател. Претходно Путин демантираше дека руските трупи се инволвирани во Крим, додавајки дека станува збор за локални трупи кои во самоодбрана ги опкружуваат воените бази во регионот. Американскиот државен секретар Џон Кери од Киев ја предупреди Москва дека ќе следат построги мерки доколку не се намалат тензиите.