Централноевропските земји шокирани од постапките на Русија

Премиерите на Чешка, Словачка, Унгарија и Полска велат дека нивните земји се шокирани од постапките на Русија во Украина. Полскиот премиер Доналд Таск, премиерот на Чешка Бохуслав Соботка и претседателот на унгарската влада Виктор Орбан заедно со нивниот словачки колега Роберт Фико во заедничката изјава наведуваат дека руската воена интервенција наликува на искуствата на нивните земји од 1956, 1968 и 1981 година. Четворицата лидери испратија апел до НАТО и Европската унија да и помогнат на Украина во пресрет на „опасните настани кои претставуваат закана за европскиот мир и безбедноста“.