Индустриското производство во јануари поголемо за 6,4 насто

Индустриското производство во јануари годинава бележи раст од 6,4 насто во однос на јануари 2013 година, објави Држаниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2014 бележи опаѓање од 1,1 насто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 9,9 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5 отсто, Капитални производи за 9,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 40,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4 проценти, додека опаѓање има кај Енергијата за 13,3 насто.