Две лица прегазени во Сараево за време на протести

Две лица се повредени денеска за време на протест во Сараево, кога автомобил се обидел да мине низ крстосница што ја блокирале демонстранти.

По инцидентот возачот побегнал, а насобраните демонстранти за тоа ја обвинија полицијата тврдејќи дека таа го пуштила автомобилот да мине низ крстосницата.

Од денешниот протест на стотина граѓани пред зградата на Претседателството на БиХ во Сараево, беа изнесни барања за социјалната праведност, смена на власта и формирање непартиска експертска Влада во Федерацијта БиХ.

Протестите низ градовите во Федерацијата БиХ траат веќе еден месец, а првите денови од демонстрациите беа насилни, кога беа запалени зградите на повеќе кантонални Влади и на Претседателството на БиХ.