Фудбалерките можат да носат бурки

Пакистанските и авганистанските спортски претставници изразија задоволство од одлуката на ФИФА за укинување на забраната за жените фудбалери да носат бурки. Оваа одлука ја поздрави и Азијската фудбалска федерација, со оценка дека со тоа ќе се зголеми интересот на мислиманските жени за играње фудбал и оти сега повеќе земји ќе испраќаат свои репрезентации на меѓународните турнири. Носењето бурки беше забрането поради ризиците од повреди, но од 2012-та година беа тестирани безбедни бурки, па ФИФА во саботата и формално ги одобри за користење.