Египет ги забрани активностите на Хамас

Судот во Египет денеска ги забрани активностите и им ги замрзна сметките на палестинската милитантна група Хамас, која владее во Појасот Газа. Египетската нова влада го обинува Хамас за заговор со исламистичкиот екс претседател Мухамед Морси и неговото Муслиманско братство, со цел да се предизвикаат насилства во земјата. Портпарол на Хамас ја осуди одлуката на судот, оценувајки дека тоа ќе и наштети на палестинската кауза.