Собранието на Македонија и денеска ќе работи

Пред утрешната седница на која пратениците ќе гласаат по предлог-одлуката за распуштање, Собранието на Република Македонија денеска треба да ја заврши 84-та седница.
На дневен ред се два предлог-закона во скратена постапка - за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Овие два предлог-закона, по скратена постапка, ќе бидат и на седниците на Комисијата за транспорт врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.