САД ги ставаат во мирување сите воени врски со Русија

,Пентагон соопшти дека "се стават во мирување" сите воени врски меѓу САД и Русија во врска со кризата во Украина. Портпаролот на морнарицата адмирал Џон Кирби, рече синоќа дека суспендирањето вклучува заеднички вежби, билатерални средби, посети и конференции. Кирби изјави дека САД ги повикува Русија "да ја де-ескалацира кризата во Украина и руските сили во Крим да се вратат во своите бази, како што се бара според договори со кои се регулира Црноморската флота на Русија." Русија распореди илјадници војници во регионот на Крим предизвикувајќи гнев и закани од санкции од САД и од Европската унија.