Црноморската флота го демантира ултиматумот

Руската Црноморска флота негираше дека планира да започне напад врз украински воени единици на Крим ако не се предадат во раните утрински часови во вторник. Интерфакс цитираше портпарол на Црноморската флота кој изјави дека тврдењата за ултиматум од страна на воениот врв на Украина биле "апсолутна бесмислица". Претходно, новинските агенции, повикувајќи се на Киев, јавија дека командантот на Црноморската флота Александар Витко им дал ултиматум на украинските сили на Крим до вторник во 4 часот наутро да ги предадат базите или ќе бидат нападнати.