Руски ултиматум за базите на Крим?

Командантот на руската Црноморска флота Александар Витко им дал ултиматум на украинските сили на Крим до вторник во 4 часот да ги предадат базите на полуостровот или во спротивност ќе бидат нападнати. Веста за ултиматумот доаѓа од украинското министерство за одбрана. Засега нема коментар од руската Црноморска флота.