Посматрачи на ОБСЕ денеска во Киев

Викторија Нуланд

Неколкумина посматрачи на ОБСЕ денеска треба да допатуваат во Киев и покрај тоа што не е постигнат договор за испрачќање мисија на таа организација во Украина. Ова денеска во Виена го соопшти помошникот на американскиот државен секретар за Европа Викторија Нуланд. „Тие ќе можат да дадат конкретна проценка на ситуацијата на теренот“, изјави Нуланд.