Украинските морнарички офицери остануваат верни на Киев

Украинските морнарички офицери го отфрлија барањето на поранешниот командант Денис Березовски да му се приклучат и да се подредат на про-руската само-прогласена влада на Крим. На денешниот состанок во штабот во Севастопол, офицерите со аплауз и пеење на украинската химна го поздравија соопштението од нивниот нов командант Сергеј Хаидук дека Березовски е сменет и оти ќе се соочи со обвинение за предавство. Березовски ја напушти зградата само со личното обезбедување.