В среда, распуштање на Собранието

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за в среда ја закажа 87. седница со единствена точка на дневниот ред предлог-одлука за распуштање на актуелниот собраниски состав.
Иницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе ДУИ откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Република Македонија.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во саботата прифати одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори. Според Уставот, Собранието се распушта ако за тоа се изјаснат мнозинството од вкупниот број пратеници.