Почнува судскиот процес меѓу Хрватска и Србија за геноцид

Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска почнува усмената расправа во спорот меѓу Хрватска и Србија по тужбата и контратужбата за геноцид.
Расправата ќе трае еден месец, заклучно со 1 април.
Тоа е завршница на спорот кој почна уште во 1999 година со поднесување на хрватската тужба до Меѓународниот суд на правдата против Србија, на кој Србија одговори десет години подоцна.
Расправата ќе почне со излагање на хрватскиот правен тим, додека српскиот правен тим своите ставови ќе почне да ги изложува една недела подоцна, на 10 март.