Руската централна банка ја зголеми каматата на 7%

Руската централна банка денеска ненадејно ја зголеми каматната стапка од 5,5 отсто на 7 отсто. Овој потег се толкува како последица на загриженоста од последиците на руската интервенција во Украина врз економијата на Русија. Во меѓувреме, руските берзи денеска бележат пад од 6 отсто, а рубљата достигна нови историско ниско ниво, односно 50 рубљи за евро или околу 37 рубљи за долар.