Кина и Русија со слични ставови за Украина

Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров имал телефонски разговор со неговиот кинески колега Ванг Ји за кризата во Украина. Москва соопшти дека двајцата министри имале исти ставови во врска со случувањата во Украина и оти Кина и Русија ќе останат во постојан контакт во врска со ова прашање. Во меѓувреме, Јапонија изрази сериозна загриженост од развојот на настаните во Украина, оценувајки дека руските потези на Крим ги зголемуваат тензиите во регионот и ги нарушуваат мирот и стабилноста во светот.