Авганистанскиот претседател екстремно лут на американската влада

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изрази „екстремна лутина“ кон американската влада, велејќи дека 12-годишната војна во Авганистан не се водела имајќи ги предвид интересите на неговата земја.

„Авганистанците гинат во војна што не е наша“, вели Карзаи во интервју за Вашингтон пост што беше објавено вчера.

Тој вели дека е сигурен дека војната била „заради американската безбедност и заради западни интереси“. Карзаи исто така го осуди, како што вели, недоволното американско фокусирање на таргетирањето талибански светилишта во Пакистан.

Интервјуто било направено во кабинетот на Карзаи во Кабул во саботата, еден месец пред изборите за негов наследник и во пресрет на повлекувањето на меѓународните сили од земјата до крајот на годинава.