Напад врз суд во Пакистан - најмалку 11 загинати

Илустрација.

Најмалку 11 луѓе загинале во напад врз окружен суд во главниот град на Пакистан, Исламабад. Полицијата соопшти дека најмалку 30 луѓе биле ранети. Извештаите велат дека имало престрелки и експлозии во судскиот комплекс во центарот на градот. До инцидентот дошло кога еден обвинет бил донесен во судот, а неговите пријатели се обиделе да го ослободат, изјавил еден од полицајците што биле на лице место, за новинската агенција АФП.