По грешка ослободени 12 талибанци од авганистански затвор

Централниот затвор во Кандахар.

Дванаесетмина талибански милитанти по грешка биле ослободени од авганистански затвор, откако стражарите добиле фалсификувано писмо кое наводно било испратено од Државната служба за разузнавање. Портпаролот на полицијата од провинцијата Кандахар, Зиул Рахман Дурани, денеска изјави дека затворот во Кандахар во вторникот добил писмо од Државната служба за разузнавање за ослободување на 30 затвореници. Тој рече дека 18 од нив биле навистина за пуштање, но другите 12 биле „мистериозно додадени на писмото“. Двајца од 12 нелегално ослободени биле повторно уапсени.