СДСМ: Подготвени сме за изборно соочување

Архивска фотографија: Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

СДСМ попладнево соопшти дека е подготвен за изборно соочување. Според партијата, „шестгодишната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е со катастрофални последици за Република Македонија“.

„Државата е целосно уназадена. Казната за ваквите политики граѓаните ќе ѝ ја испорачаат на власта на претстојните избори“, наведува СДСМ.

Според нив, „денеска, јавноста во Република Македонија ја проследи последната епизода од серијалот глумење конфликт за предизвикување предвремени парламентарни избори, премиерно прикажан во 2011-тата година“.

„Главните актери повторно во истите улоги. Никола Груевски нарачател, Али Ахмети извршител“, стои во соопштението на СДСМ.