Турчинов не го признава премиерот на Крим

Украински вршител на должноста претседател Олександр Турчинов не го прифаќа назначувањето на про-рускиот премиер на укринската Автономна Република Крим. Турчинов потпиша указ со кој назначувањето на Сергеј Аксионов се прогласува за нелегално. Овој потег уследи откако Аксионов кој беше назначен во четвртокот, побара помош од Русија за стабилизирање на состојбите во Крим, кадешто мнозинството се Руси.

Премиеорт на Крим денека изјави дека тој привремено ја презема контролата на воените и полициските сили во Крим. Тој побара оставки од командантите кои не се согласуваат да работат под негова надлежност. Укринскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчутсија рече дека Русија одбива да разговараат за договор со кој би се гарантирал територијалниот интегритет на земјата. Интерфакс го цитира министерот кој вели дека владата е загрижена поради тоа што Русија одбива разговори.