Киев - Русија испратила 6.000 војници во Крим

Украинскиот министер за одбрана Игор Тенјух ја обвини Русија за испраќањето на 6.000 војници и 30 оклопни возила во украинскиот регион Крим. Тој вели дека Русија испратила војска „без предупредување или дозвола на Украина, спротивставувајќи се на принципот за не-повреда на државните граници.“. Министерот за одбрана го изјави ова на седницата на владата во Киев која уследи по тензиите на Крим. Про-рускиот премиер на Крим, Сергеј Аксионов денеска изјави дека војниците од руската црноморска флота сега ги чуваат важни објекти во регионот.