Половина милион денари казна за Шилегов

Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов

Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов треба да ѝ плати 500.000 денари на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за нарушување на честа и угледот. ОВа денеска го пресуди Основниот суд 2 во Скопје. Јанкулоска го тужеше Шилегов за клевета на прес конференциите на кои тој зборуваше за станови кои ги купила додека била функционер. „Првостепената пресуда за мене беше очекувана, бидејќи е сè поочигледно дека кога во Македонија зборувате вистина која се однесува на функционери на ВМРО ДПМНЕ тоа чини пари“, изјави Шилегов по добивањето на пресудата. Јанкулоска во тужбеното барање бараше отштета од милион денари.