Годишен извештај на Стејт Департментот за човековите права во светот

Авторитарните влади ги користат безбедносните сили за зацврстување на власта и за задушување на неистомислениците, се вели во новиот извештај на американскиот Стејт департмент за почитувањето на човековите права во светот во минатата година. Се наведува дека овие прекршувања ги повредуваат долгорочната стабилност, безбедноста и економскиот развој во земјите каде што се случуваат.
Од Украина до Сирија, Мјанмар до Венецуела, годишниот индекс вели дека безбедносните сили мора да имаат одговорност за прекршувањата на човековите права.
Извештајот, објавен кога светот ја одбележува 65-годишнината од Универзалната Декларација за човековите права, подвлекува дека повеќе од една третина од светското население живее под авторитарна власт.
Исто така се истакнува дека во 80-ина земји, меѓу кои Русија и Иран, геј- заедниците се соочуваат со дискриминаторски закони и пракси.