Каспаров доби хрватско државјанство

Поранешниот светски првак во шах, рускиот велемајстор Гари Каспаров доби хрватско државјанство. Каспаров е роден во Баку во Азербејџан. Беше светски првак од 1995 до 2000 година. Се смета за еден од најголемите шахисти на сите времиња. Со 21 година беше најмладиот шахист кој играше за светска титула во 1974 година против Анатолиј Карпов.
Спроед хрватски медиуми, Каспаров вчера имал средба со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.